(ВИДЕО) Страотен пад преку ѕид – велосипедистка остана неподвижна

Од:

Италијанската велосипедистка Дебора Силвестри доживеа ужасен пад за време на трката Милано – Санремо.

Таа со својот велосипед удри во група натпреварувачки кои веќе беа паднати на асфалтот, па Италијанката се преврте преку оградата и удри на земја со грбот од висина од неколку метри. Остана да лежи неподвижна додека присутните беа ужаснати од ситуацијата.

Од нејзиниот тим потврдија дека Силвестри имаше несреќа додека се спушташе по Ципреса, но дека била свесна на пат кон болница на лекување, и дека дополнителни информации за нејзината состојба ќе следат во наредните часови.

Инцидентот се случил на 20 километри од целта.