Контејнер со 15 тони гумени бонбони е украден од камион паркиран покрај автопат во Германија, објави полицијата.
Возачот го оставил камионот на бензинска пумпа на автопатот во близина на северниот град Нојштат-Глеве вчера наутро околу 7:45 часот.
Кога 41-годишникот се вратил околу 8:45 часот, контејнерот го немало, заедно со товарот во вредност од 250.000 евра.
Сè уште не е познато како крадците успеале да го подигнат контејнерот од камионот незабележано на сред бел ден.
Полицијата започна истрага.
