Долгогодишниот фудбалски репрезентативец на Англија – Кајл Вокер(36), објави дека повеќе нема да игра за својата репрезентација.
Поранешниот играч на Манчестер Сити одлучи само три месеци пред Светското првенство да се збогува со дресот на „Гордиот Албион“.
View this post on Instagram
Вокер не е повикан во репрезентацијата од јуни 2025 година, кога Англија играше против Сенегал во пријателски натпревар.
Тој ја објави својата одлука преку својот Инстаграм профил.
„По повеќе од десет години играње за мојата земја, решив да се повлечам од репрезентацијата. Играњето за Англија беше најголема чест во мојата кариера и нешто на што секогаш ќе бидам горд. Благодарност до сите мои соиграчи, тренери, селектори, навивачи и сите зад сцената кои беа дел од ова патување. Секој рик од трибините го туркаше тимот напред и едвај чекам да бидам меѓу навивачите кои ги бодрат момците на Светското првенство. Спомените што ги создадов во дресот на Англија засекогаш ќе ми останат врежани во сеќавањето“, рече Вокер на Инстаграм.
