Вознемирувачко видео: Полска лизгачка ќе останеше без око на ЗОИ 2026

Од:

Зимските олимписки игри Милано Кортина 2026 беа обележани со низа драматични сцени на спортските терени, а најновиот инцидент се случи за време на четвртфиналната трка во брзо лизгање на 1.500 метри.

Полската репрезентативка Камила Селиер (25) претрпе сериозна повреда на лицето по судирот со Американката Кристен Сантос-Грисволд.

Несреќата се случи во кривина, кога американската натпреварувачка се обиде да претекне, а лизгалката го погоди лицето на Полјачката. Малку недостасуваше таа да има големи проблеми со окото.

Трката веднаш беше прекината за да може медицинскиот тим да ѝ пружи помош на повредената спортистка.

По неколку минути, Селиер беше изнесена од салата на носилка.

Според достапните информации, во болницата се извршени детални прегледи поради сомневање за фрактура на коските на лицето.

Официјални информации за степенот на повредите се очекуваат по дополнителни медицински наоди.

Би можело да ве интересира

Украинците го бојкотираат отворањето на Параолимписките игри – и Русите ќе бидат таму

А1он

Прво злато за Бразил на една зимска Олимпијада

А1он

Историја на ЗОИ 2026 – мајка и син првпат настапуваат на иста Олимпијада

А1он

Зеленски го одликуваше дисквалификуваниот украински олимпиец кој санкаше со посебна кацига

А1он

Освои медал на ЗОИ, па јавно призна: „Ја изневерив љубовта на мојот живот“

А1он

Олимпискиот комитет му забрани на Украинец да носи кацига со фотографии од загинати спортисти

А1он