Фудбалерите на Ал Хилал го декласираа Ал Окохдуд со 6:0 на гостински терен и ја задржаа водечката позиција во Саудиската професионална лига.
Карим Бензема го напушти Ал Итихад и се пресели во Ал Хилал пред неколку дена.
Benzema with the back-heel flick for his first Al-Hilal goal 😮💨
(via @FOXSoccer)pic.twitter.com/0wwCz9dYzZ
— B/R Football (@brfootball) February 5, 2026
Не му требаше долго време за да ја покаже својата класа во новиот тим.
Францускиот мајстор го комплетираше хет-трикот во 64-та минута од натпреварот. Тој ја погоди мрежата на противникот во 31-та, 60-та и 64-та минута.
На крајот од натпреварот, Малком постигна еден гол, а Ал Савсари два.
Хилал е сè уште водечкиот тим во првенството на Саудиска Арабија со 50 бода. Три повеќе од второпласираниот Ал Ахли и четири повеќе и еден натпревар повеќе од Ал Наср.
