Уапсен е синот на норвешката принцеза – обвинет за 38 кривични дела

Од:

Полицијата во Осло го приведе Мариус Борг Хејби, син на крунската принцеза Мета Марит и посинок на норвешкиот крунски принц Хакон, под обвинение за напад врз жена, закана со нож и кршење на забрана за приближување само два дена пред да се појави на суд по повеќекратни обвиненија за силување.

Мариус(29), кој беше посвоен од принцезата Мете Марит пред нејзиниот брак со принцот Хакон, ќе се појави во Окружниот суд во Осло во вторник, каде што е обвинет за вкупно 38 кривични дела, вклучувајќи четири наводни силувања и напади врз поранешни партнери.

Обвинителството бара тој да биде притворен четири недели, наведувајќи страв дека може повторно да изврши кривично дело.

„Полициската управа во Осло може да потврди дека Мариус Борг Хејби бил уапсен во недела навечер“, се вели во полициското соопштение.

Само неколку дена претходно, новооткриени документи од Соединетите Американски Држави покажаа дека мајката на Хебеј, крунската принцеза Мете-Марит, одржувала обемни комуникации со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн помеѓу 2011 и 2014 година.

Според норвешките медиуми, нејзиното име се споменува најмалку 1.000 пати во документите објавени од Министерството за правда на САД во петок.

Мете-Марит се извини во саботата, нарекувајќи ги своите контакти со Епштајн „едноставно срамни“ и велејќи дека покажала „лоша проценка“.

Во 2001 година, Мете-Марит се омажи за престолонаследникот Хакон, со што го донела својот син од претходна врска во норвешкото кралско семејство.