Тајсон Фјури се враќа на рингот – закажана е борба против „рускиот лав“

Од:

Поранешниот шампион во бокс во тешка категорија, Тајсон Фјури, дефинитивно се враќа од пензија за повторно да се бори

Иако го објави своето пензионирање по поразот од Олександр Усик, каде што почувствува дека е ограбен од судиите, Тајсон Фјури се предомисли и повторно ќе ги облече боксерските ракавици и ќе влезе во рингот.

Веројатно е „приморан“ да се повлече од пензија поради парите на Саудијците, бидејќи борбата ќе се одржи во рамките на промоцијата што е под покровителство на Саудиска Арабија.

Следниот ривал на Тајсон Фјури е Арсланбек Махмудов од Русија, кој е наречен „Лав“.

Тој има 23 борби во кариерата, од кои 21 победил (19 нокаути) и бил поразен двапати, дватапати со нокаут.

Тајсон Фјури има 36 борби во кариерата, од кои 34 победи (24 нокаути) и двапати бил поразен со одлука на судиите, двата пати од актуелниот шампион Олександр Усик.