Шпанското обвинителство денес го отфрли случајот за сексуален напад против шпанскиот пејач, Хулио Иглесијас, бидејќи обвинителството пресуди дека нема надлежност да истражува настани што наводно се случиле на Бахамите и во Доминиканската Република.
Според обвинителството, шпанските судови немаат надлежност за ова прашање бидејќи жртвите не се Шпанци, не живеат во Шпанија, а настаните не се случиле во Шпанија.
Шпанските судови би можеле да интервенираат ако земјата каде што се случиле наводните инциденти не е во можност или не е подготвена да спроведе истрага, што не беше случај во овие настани, објавува „Ел Паис“.