Нориаки Касаи и на 54 години активен во ски скокови, избори место во јапонската репрезентација

Од:

Нориаки Касаи, легендарниот 54-годишен јапонски ски-скокач, сè уште не го кажа својот последен збор за светските ски-скокови и наскоро ќе се појави на натпревар во Сапоро, Јапонија.

Касаи обезбеди место во јапонската репрезентација пред натпреварите од Светското првенство оваа недела, на 17 и 18 јануари.

Јапонија, како земја домаќин, има зголемен број места за своите скокачи, што му отвори можност на Касаи повторно да се најде во одбрано друштво.

Касаи ќе продолжи да ги руши пред се сопствените рекорди, а во моментов има дури шест записи во Гинисовата книга на рекорди.

Во својата кариера, тој славеше 17 пати во настапите на Светскиот куп, додека дури 63 пати освои место на подиумот во поединечна конкуренција.

Освои три олимписки медали: два сребрени и еден бронзен, а првиот го освои во 1994 година во Лилехамер.

На светските првенства, освои вкупно два сребрени и пет бронзени медали.