(ВИДЕО) Миовски со „полуножички“ погоди за Глазгов Ренџерс кај Ференцварош

Од:

Македонскиот репрезентативец во дресот на шкотскиот тим Глазгов Ренџерс, Бојан Миовски постигна гол за својот тим во поразот на својата екипа.

Миовски мрежата на домашниот голман на Ференцварош ја затресе во 27.минута на атрактивен начин со „полуножички“.

Миовски на теренот беше до 67.минута кога беше заменет.

Глазгов Ренџерс загуби со 2:1 на гостувањето кај Ференцварош во 6.коло од УЕФА Лига Европа.

За македонскиот репрезентативец ова беше втор натпревар во низа на кој постигнува гол откако во саботата во натпревар од Шкотската Премиер лига постигна два гола против Килмарнок.

Би можело да ве интересира

Стивен Џерард ќе да му стане тренер на Миовски во Глазгов Ренџерс

А1он

Миовски четири години во шкотскиот фудбалски гигант – Глазгов Ренџерс

А1он