Актерот Роуан Аткинсон нема особено ласкави зборови за едно од неговите најпознати комични достигнувања. Британскиот актер го опиша „Мистер Бин“ како „себично, анархично дете кое гледа само на својот интерес“, и покрај тоа што ликот доби огромна популарност низ целиот свет.
„Не ми се допаѓа Мистер Бин како личност и сигурно никогаш не би сакал да вечерам со него“, рече тој на проекцијата на неговата серија на Нетфликс „Човек против бебе“ во Лондон.
„Но, во исто време, го сакам како лик, бидејќи можеби е малку како мене кога имав десет години – тој вид детска себичност и справување со работите на малку ексцентричен начин. Но, во исто време, не би го сакал во мојата куќа“, додаде актерот.
„Мистер Бин“ е еден од најголемите британски извозни брендови за комедија уште од неговото лансирање во 1990 година. Се продава во повеќе од 190 земји, додека неговиот YouTube канал има 35 милиони претплатници и повеќе од 12 милијарди прегледи.
Аткинсон рече дека детските лудории и визуелниот хумор на „Мистер Бин“ се дел од неговата привлечност.
