Пензионираниот полицаец Б.Д.(71) е уапсен по наредба на дежурниот обвинител на Окружното јавно обвинителство во Требиње (БиХ) поради сомнение дека минатата и оваа година сексуално нападна неколку малолетници под 15 години.
Вчера, до Окружното јавно обвинителство во Требиње е поднесена кривична пријава против лицето со иницијали Б.Д. поради сомнение дека сторило кривично дело „полов напад на дете под 15 години“, се вели во соопштението доставено до медиумите.
„Покрај горенаведеното кривично дело, обвинетиот се товари и за кривично дело „нелегално производство и трговија со оружје и експлозивни материјали“, со оглед на тоа што при претресот на куќата и просториите што ги користи е пронајдена одредена количина оружје и муниција“, се вели во соопштението.
Според медиумите од Бања Лука, станува збор за поранешен полицаец кој е во пензија.
