Српската пејачка Марија Шерифовиќ (41), една од најпознатите музичарки на Балканот стана мајка на синот Марио пред две години, благодарение на сурогат мајка во САД. Таа тогаш отворено зборуваше за процесот, а сега за „Курир.рс“ пејачката Нада Обриќ (77) презентираше нови детали за жената што го носеше детето на Марија.
Обриќ откри дека сурогат мајката е мажена, образована жена која веќе има свое дете и дека целиот процес е спроведен под исклучително строг надзор и со максимална грижа:
„Таа жена ги доби сите можни услови, ништо не ѝ недостигаше“, рече таа.
Во својата исповед, Марија претходно зборуваше за предрасудите што го придружуваат сурогат мајчинството, нагласувајќи дека во САД тоа е целосно регулиран и строго контролиран процес.
„Сурогат мајката имаше професионална медицинска нега, масажи, чистачка… Секој документ, секоја постапка беше потврдена. Нема прашање за експлоатација“, објасни таа.
Според достапните податоци, Марија потроши помеѓу 160.000 и 193.000 долари за целата постапка.
Деталната структура на трошоците вклучува:
20.000 – 30.000 американски долари за почетни агенциски услуги
12.000 – 20.000 американски долари за наоѓање сурогат мајка
8.000 – 10.000 американски долари за судски постапки
55.000 – 75.000 американски долари за обештетување на сурогат мајката
25.000 – 35.000 американски долари за процедури на ИВФ и ембриотрансфер
5.000 – 10.000 американски долари за пренатална нега
5.000 – 10.000 американски долари за трошоци за породување
2.000 – 3.000 американски долари за бирократски трошоци, документација и ДНК тестови
Програмите често вклучуваат дополнителни, нестандардни трошоци како што се сместување, патување и правни услуги, во зависност од земјата на потекло на идните родители.
