Шише шампањ од свадбата на принцезата Дијана и принцот Чарлс оди на аукција

Од:

Големо шише шампањ Дом Перињон кое требаше да се послужи на свадбата на принцезата Дијана и принцот Чарлс, за кое се проценува дека вреди помеѓу 67.000 и 80.000 евра, ќе биде понудено на аукција во Данска, на 11 декември.

„Ова е уникатно и многу посебно откритие. Постојат само 12 такви „Магнуми“, а ова шише е едно од нив“, изјави раководителот на винаријата во Брун Расмусен – Томас Розендал Андерсен објавува парискиот весник Фигаро.

Според него, шишето, кое моментно се чува во приватна визба за алкохол, може да привлече и љубители на вино и колекционери кои бараат кралски сувенири.

„Купувачот би можел да биде класичен колекционер на вино кој би уживал да го додаде ова шише во својата колекција, но исто така и колекционер на кралски предмети поврзани со лејди Дијана“, рече Розендал Андерсен.

Според него, за овој вид ретки шишиња алкохол се спроведуваат неколку тестови, вклучително и осветлување на шишето за да се провери дали содржината има убава, јасна боја.

Овој шампањ, берба од 1961 година, годината на раѓање на принцезата Дијана, беше етикетиран за нејзината свадба со принцот Чарлс на 29 јули 1981 година.

Се проценува дека овој Магнум Дом Перињон ќе достигне цена помеѓу 500.000 и 600.000 круни (помеѓу 67.000 и 80.000 евра) на аукција.

Би можело да ве интересира

Братот на принцезата Дијана: Интервјуто на Би-Би-Си директно доведе до нејзината смрт!

А1он