Младо момче (25) е пронајдено мртво денеска зад трафика на булевар во Нов Белград.
Според информациите на српските медиуми, тој има видлива повреда на главата.
Очевидци за „Телеграф“ изјавија дека денеска се слушнале истрели.
Вработената во трафиката изјави дека се слушнал силен истрел, кој ја исплашил, па морала да ја заклучи трафиката и да се скрие.
Според сознанија, полициската акција „Вихор 3“ е во сила за територијата на Нов Белград и Земун.
Очевидци изјавија дека слушнале истрели, но не го виделе сторителот.
Како што се претпоставува убиството се случило кај влезот во блиската зграда.
