Напаѓачот на Баерн Минхен и капитен на Англија – Хари Кејн, го состави својот идеален состав од играчи со кои играл и против кои играл во својата кариера.
Изгледа вака: Мануел Нојер; Марсело, Џон Тери, Џорџо Кјелини, Кајл Вокер – Зинедин Зидан, Серхио Бускетс – Лионел Меси, Андрес Иниеста, Кристијано Роналдо – Роналдо.
Кејн беше нападнат во коментарите од некои луѓе затоа што го стави Кајл Вокер, англиски дефанзивец кој играше за Тотенхем и Манчестер Сити, а денес е во Барнли, на позицијата десен бек.
Вокер имаше одлична кариера, но ретко се зборуваше за него како за најдобар десен бек во светот.
Разбирливо е што Вокер беше изборот на Кејн бидејќи тие поминаа седум сезони заедно во Тотенхем и играа заедно долго време во англиската репрезентација.