Кевин Дурант стана најплатен НБА кошаркар

Од:

Кевин Дурант и натаму е во центарот на вниманието. Тој во својата 37 година од животот го продолжи договорот со Хјустон до 2028 година. Направи трансфер од Феникс, а новиот договор е со вредност од 90 милиони долари.

За продолжувањето на договорот имаше опција за договор до 122 милиони, но се реши за 30 милиони помалку за да може да му овозможи на тимот флексибилност за создавање на конкурентен ростер, поради финансиските ограничувања.

Неговата вкупна заработка изнесува 598,2 милиони долари, со што е пред Леброн Џејмс кој има 583,9 милиони долари.

Дурант има одиграно 1.123 натпревари, а шест пати е избран во Ол стар петорката на НБА лигата.

Во кариерата има настапувано за Сиетл, Оклахома Сити, Оклахома, Голден Стејт, Бруклин и Феникс.

Неговиот просек на поени во кариерата е 27,2 по натпревар.

Би можело да ве интересира

Срушен рекорд во НБА лигата – 135 странски играчи на почетокот на новата сезона

А1он

Уапсен е таткото на НБА ѕвездата на Бостон – избоде човек за паркинг

А1он

Пред 6 години ниту еден тим не го избра на драфтот, а сега е шампион во НБА и клучен играч

А1он