Зинедин Зидан беше исклучителен фудбалер, а на почетокот на својата тренерска кариера освои три трофеи во Лигата на шампиони по ред, со Реал Мадрид.
Неговиот збор е високо ценет во фудбалскиот свет, а на спортскиот фестивал во Тренто, го прашаа како би го дефинирал совршениот играч.
• Лева нога: Зидан
• Десна нога: Зидан
• Со глава: Зидан
• Сила: Ибрахимовиќ
• Дриблинг: Дел Пјеро
• Голови/реализација: Роналдо или Кристијано Роналдо
• Визија: Зидан
• Удари од далечина: Лука Модриќ
• Слободни удари: Дел Пјеро, Платини, Пирло
• Дуели: Турам
• Лидерство: Тони Крос
Интересно е што легендарниот Французин не го спомена Лионел Меси, иако Аргентинецот се смета за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
Зидан седна на клупата на Реал на 4 јануари 2016 година и испиша историја. Тој ја освои Лигата на шампионите во својата прва сезона, а потоа го стори истото две години по ред.
Во вториот мандат на Зидан во Реал, тој не беше толку успешен, иако ја освои Ла Лига во 2020 година.
Како играч, тој ја освои Златната топка во 1998 година.