Познатата актерка се заљуби во колега 16 години помлад од неа, а кога ја напушти – доживеа нервен слом

Од:

Кога тогаш 41-годишната актерка Деми Мур и 25-годишниот актер Ештон Качер се запознаа во пролетта 2003 година, никој не можеше да замисли дека нивната љубовна приказна ќе стане една од најследените во Холивуд.

Тогаш таа беше разведена од Брус Вилис и мајка на три ќерки, додека Ештон само ја градеше својата кариера. Големата разлика во годините – таа имаше 41 година, а тој 25 години – не им пречела – напротив, двојката ги прекршила сите правила и ја живеела својата романса пред очите на целиот свет.

Набрзо станаа миленици на медиумите.

Се собирале заедно на кошаркарски натпревари, премиери и најгламурозни забави и не ја криеле својата љубов. Се венчале во септември 2005 година и изгледале како најхармоничниот пар во Холивуд. Но, зад затворени врати ситуацијата била далеку од совршена.

Во своите мемоари „Внатре надвор“, Деми откри во 2019 година дека забременила и го крстила девојчето Чаплин Реј. Бременоста била скриена од очите на јавноста, но шест месеци подоцна следела тешка загуба – Деми имала спонтан абортус.

Оваа трагедија остави длабок белег врз актерката. Таа почна да се бори со чувство на вина, се плашеше дека никогаш повеќе нема да може да роди, но и дека Ештон ќе ја напушти.

За да го спаси бракот, Деми се согласи на предлогот на својот сопруг да воведе трето лице во нивната врска.

„Сакав да покажам колку сум модерна и опуштена“, призна подоцна, но таа одлука, како што самата рече, беше почеток на крајот.

Подоцна беше откриено дека Ештон ја изневерувал Деми повеќепати, користејќи го изговорот дека ги губи границите на она што е дозволено.

Двојката престана да живее заедно во 2011 година, а се разведе две години подоцна.

И додека Деми страдаше некое време по него, во 2015 година, Ештон го кажа судбоносното „да“ на актерката Мила Кунис, со која сега има две деца – ќерката Вајат Изабел и синот Димитри.

Би можело да ве интересира

Деми Мур за сопругата на Брус Вилис: Таа маестрално се справува со неговата состојба

А1он

(ФОТО) Деми Мур по поразот на Оскарите побегна да јаде помфрит

А1он