Актерката Џенифер Анистон направи голем чекор со новото момче Џим Кертис. Откако гласините за нивната романса се разгореа во јули годинава кога беа видени како разменуваат нежности на одмор во Шпанија, 56-годишната актерка сега потврди дека се заедно.
Ѕвездата на серијата „Пријатели“ сподели серија фотографии со кои се збогува со летото, а меѓу нив имаше и една посветена на Џим.
View this post on Instagram
„Ти благодарам, лето“, напиша Џенифер Анистон покрај фотографиите на кои позира со блиски пријатели, како што се Кортни Кокс, Сандра Булок, Адам Сендлер и нејзините кучиња.
Иако не го тагна, обожавателите не ја пропуштија седумнаесеттата фотографија од серијата на која Џим е прикажан одзади, гледајќи го зајдисонцето на плажа.
Патем, тој е познат како хипнотерапевт и лајф тренер.
Во коментарите, веднаш следеа честитки и шеги за фактот дека неговата слика била „скриена“ меѓу последните:
„Мислевте ли дека нема да забележиме?“, „Здраво, фотографија број 17“, „Заслужуваш среќа“, „Толку сум среќна што си среќна и опкружена со прекрасни луѓе“, „Ви благодарам што го споделивте ова“, се само дел од коментарите.
Неодамна се појавија и гласини дека двојката планира свадба. Иако се заедно само неколку месеци, тие се познаваат долго време, а 56-годишната актерка наводно верува дека Џим е вистинскиот.
Според изворите, церемонијата треба да се одржи на плажа.