Познатата манекенка Ева Херцигова прошета по црвениот тепих на Венецискиот филмски фестивал и во таа прилика повторно ги потсети сите на златното доба кога беше неоспорен владетел на модната писта.
Таа воодушеви и на Неделата на модата во Милано, кога целиот свет имаше чест повторно да ја види познатата убавица на пистата. Овој пат, таа демонстрираше сила на црвениот тепих.
За да се појави на толку гламурозен настан како што е Фестивалот во Венеција, Ева избра уникатен фустан и ги покажа своите модни вештини.
Кога сакате да бидете класични, елегантни и сигурно да бидете забележани, ќе изберете црн фустан, исто како Ева.
Таа позираше во долга црна креација со везени цветни мотиви на градите, но така што сè изгледа совршено склопено и воопшто не е кичесто.
Накитот „си ја заврши работата“ и во овој случај, Ева имаше ефектни обетки и прстени, а посебен акцент стави на фризурата.
Таа го прошета познатиот ефект на влажна коса и покажа дека дефинитивно сè уште нема конкуренција.