Познатиот НБА кошаркар Џејлен Браун има сериозни семејни проблеми.
Неговиот татко, Марселс Браун, е уапсен под сомнение дека се обидел да го убие Крос Тупуола, тренерот на младински фудбалски тим.
Сведоците тврдат дека конфликтот се случил поради паркинг, по што Марселс Браун, поранешен боксер – извадил нож и го нападнал тренерот.
Според извештаите, во напад на бес, Браун го нападнал тренерот со нож и го избодел неколку пати во грбот и рацете, додека на несреќниот човек му било скршено и реброто при нивното туркање.
Полицијата брзо пристигна на местото на настанот и го уапси Браун, кој сега се соочува со судење и можна сериозна затворска казна. Засега нема информации за состојбата на Крос Тупуола и дали неговиот живот е во опасност.
Џејлен Браун (28) е во НБА од 2016 година и моментално е еден од најплатените играчи со петгодишен договор вреден 304 милиони долари. Тој беше трет избор на драфтот и постепено го изгради своето име во НБА, па освои прстен со Бостон во 2024 година.
Минатата сезона, тој имаше просек од 22,2 поени по натпревар со 5,8 скока и 4,5 асистенции.