(ВИДЕО) Навивачите испукаа ракета и го погодија својот играч во меѓуножјето

Од:

Неверојатни сцени на натпревар помеѓу Стронгест и Блуминг пристигнуваат од Боливија.

Домаќините славеа со резултат од 3:2, Хуан Годој го постигна решавачкиот гол, а по последниот свиреж на судијата, на теренот се појави вистински хаос.

Навивачите почнаа да пукаат со пиротехнички средства, а лороната – еден вид пиротехника што се движи низ воздухот како ракета, заврши на теренот и го погоди херојот на играта, соборувајќи го на земја.

Годој се струполи на тревата, држејќи се за меѓуножјето, и мораше да биде изнесен од теренот од страна на лекарите.

Боливискиот весник Ел Дебер“ открива дека напаѓачот претрпел изгореница од прв степен на бутот и хематом во пределот на тестисите. Лекарите му дијагностицирале и орхитис, односно воспаление на тестисите.

Имаше одредени гласини дека навивачите поставиле пиротехнички средства како знак на протест против сопствениците на клубот, но тие го негираа сето тоа, велејќи дека станува збор за прослава:

Сакаме да им се обратиме на сите навивачи за да го изразиме нашето искрено жалење за инцидентот. Никогаш не ни беше намера да повредиме ниту еден играч или член на тренерскиот штаб. Секогаш се обидуваме да навиваме, а не да доведуваме никого во опасност“, рекоа тие.