Двократната олимписка шампионка во биатлон, Лаура Далмаер (31), доживеа ужасна несреќа додека планинаре[e, изјавиле за германскиот ZDF од нејзиниот тим. Таа се искачувала со својот партнер на планината Каракорум во Пакистан, а потоа врз неа паднала каrpa напладне во четвртокot, додека таа била на надморска височина од околу 5.700 метри.
Нејзиниот партнер веднаш ги повикал службите за итни случаи и веднаш започнала спасувачка акција. Поради непристапниот терен, хеликоптерот успеал да пристигне дури наредниот ден наутро. Поради тешкотиите во спасувачката акција, никој сè уште не успеал да ја контактира. Откако хеликоптерот прелетал, било утврдено дека искусната планинарка е „сериозно повредена“.
Во тек е меѓународна спасувачка операција, која морала привремено да биде запрена поради темнина.
Лаура Далмаер е родена во Гармиш-Партенкирхен во 1993 година и се натпреварува во трките од Светскиот куп од сезоната 2012/13. Најголемиот успех го постигна во 2018 година, кога освои два златни медали во биатлон на Зимските олимписки игри во Пјонгјанг.
Посебен успех постигна во 2017 година, кога освои пет златни и еден сребрен медал на Светското првенство.
Се пензионираше во мај 2019 година, на изненадување на сите, на само 25 години, со образложение дека повеќе нема никакви спортски предизвици во биатлонот.
Далмаер е сертифициран планински и скијачки водич и активен член на планинската спасувачка служба. Се смета за искусен планинар.