Хаос во Ангола – повеќе од 500 уапсени, банките се ограбени

Од:

Најмалку четворица убиени, а повеќе од 500 уапсени откако протестите во Ангола поради зголемувањето на цените на горивата се претворија во насилни судири со полицијата.

Немирите започнаа во понеделникот и вклучуваа судири со полицијата откако владата објави дека ќе ја зголеми цената на дизелот за да го намали притисокот од субвенциите врз јавните финансии, објави Ројтерс.

Како одговор на тоа, локалните такси здруженија во главниот град Луанда ги зголемија цените на билетите за 50 проценти и започнаа тридневен штрајк, за време на кој избувна насилство.

Според портпаролот на полицијата, Матеус Родригез, уапсени се повеќе од 500 лица, додека продавници, банки и некои бизниси биле ограбени и вандализирани.

Родригез изјави дека во Луанда сè уште има спорадични немири и дека околу 45 продавници и 20 јавни автобуси биле оштетени.

Такси здружението АНАТА се дистанцира од насилните немири, но објави дека нивниот штрајк ќе продолжи според планот.