ЦУК: Седум активни пожари низ Македонија

Од:

Центарот за управување со кризи информира дека денеска се регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои 7 се активни, 2 се под контрола, а 6 се целосно изгаснати.

Активни пожари:

1. Општина Василево с. Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)

2. Општина Македонски Брод 1 с. Грешница (мешана шума и сува трева)

3. Општина Македонски Брод 2 (реактивиран) помеѓу с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)

4. Општина Прилеп помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и нискостеблеста вегетација)

5. Општина Струга помеѓу селата Октиси и Белица (сува трева)

6. Општина Ресен с. Покрвеник (трски и сува трева)

7. Општина Маврово-Ростуше с. Дуф (ливада)

Под контрола:

1. Општина Желино с. Желино према Еребино планина Жеден (нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација)

2. Општина Велес кај селата Џидимирци Крушје Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума)

Изгаснати се пожарите во: Студеничани, Крушево, Македонски Брод, Куманово, Липково и Ранковце.

Би можело да ве интересира

ЦУК: 16 пожари на отворен простор, 7 се активни

А1он

ЦУК: Пет активни пожари на отворен простор

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: На повеќе места пожарите се подметнати, истрагата води до лица блиски до опозицијата

А1он

ЦУК: Изминатото деноноќие три активни пожари

А1он

12 пожари низ Македонија, четири се активни, еден е локализиран, а седум се изгаснати

Горан Наумовски

Пожарот кај хотелот „Њу стар“ во Визбегово е локализиран, гореше дива депонија