Момчиња тешко повредени во Белград – едниот прободен во стомак, другиот во гениталии

Од:

Двајца млади мажи, на возраст од 22 и 21 година, се тешко повредени во напад што се случи на Дорчол во Белград.

Како што неофицијално дознаваат српски медиуми, нападот се случил утринава еден час по полноќ кога група нападна и повреди млади момчиња.

– Двајца млади мажи се здобиле со ужасни убодни рани. Едниот во пределот на стомакот, другиот во пределот на гениталиите. Двајцата се згрижени во Ургентниот центар, каде што им се дијагностицирани тешки повреди – изјавил извор на Информер“ запознаен со случајот.

Според него, во тепачката учествувале неколку лица, а тие се странски државјани.

Полицијата започна истрага и работи на утврдување на сите детали за нападот.