Камерон Дијаз се враќа на филмското платно

Од:

Камерон Дијаз (52) ќе ја игра главната улога во новата акциона комедија на Нетфликс Лош ден“, а снимањето ќе започне ова лето во Њујорк и Њу Џерси.

Дијаз ќе игра самохрана мајка која се бори да одржи едно мало ветување дадено на својата ќерка на апсолутно најлошиот ден од нејзиниот живот.

Ова ќе биде нејзин втор филмски проект откако се врати на глумата по десетгодишна пауза. На почетокот на оваа година, таа глумеше во филмот Назад во акција“ со Џејми Фокс.

Покрај Лош ден“, актерката повторно ќе ѝ го позајми гласот на принцезата Фиона во петтиот дел од Шрек“, кој треба да пристигне во кината низ целиот свет на 23 декември следната година.

Во јануари, Дијаз ја изрази својата благодарност што се враќа во индустријата во шоуто на Греам Нортон, велејќи неверојатно е што вратите ѝ се отворени дури и по цела деценија“.

Останува да се види какви други проекти ќе прифати познатата актерка во иднина.

Таа го напушти снимањето на филмови во 2014 година и успешно ги отфрлаше понудите за глума, а имаше многу.

Дијаз не се врати на глумата дури ни кога ѝ понудија 100 милиони долари, а тоа е затоа што сакаше да се посвети што е можно повеќе на своето семејство. Таа е во брак со музичарот Бенџи Маден од 2015 година, со кого ја прославија 10-годишнината од бракот, а заедно имаат две деца.

Никој не ја разбра нејзината одлука зошто ја напушта глумата, а потоа, на крајот на декември 2019 година, се дозна дека станала мајка. Таа и нејзиниот сопруг ја добија ќерката, Радикс Клое Вајлдфлауер Маден, која ја роди сурогат мајка.

Во една прилика, таа раскажа како се справила со мајчинството, за кое сонувала со години.

Сè се промени откако ја добив ќерката, сакам да живеам барем уште 50 или 60 години бидејќи имам мало дете – рекла таа по раѓањето на нејзината ќерка.

Во март 2024 година, се дозна дека добиле и син, Кардинал, преку сурогат мајка.

Камерон вели дека паузата од 10 години била најдобрата одлука во нејзиниот живот. И додека порано била оптоварена со својот изглед и не можела да замисли да ја напушти куќата неуредна, сега воопшто не ѝ е грижа.

– Веќе не морам да се грижам за тоа како изгледам. Изгледот е буквално последното нешто на што мислам, во текот на денот не ми паѓа на памет. Живеам како ѕвер, не се мијам. Имам милион козметички производи и сите собираат прашина на полиците. Можеби двапати месечно земам малку крем, го нанесувам и си мислам – па, претпоставувам дека ова е доволно, дали ќе функционира ако го нанесам само еднаш? Едноставно не сум во позиција да трошам енергија на мојот изглед во моментов – коментира актерката.