МВР информира дека рано утринава во 00.23 часот на ул. „Осоговска“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Делчево ја лишија од слобода В.В.(18) од с. Бориево, општина Босилево.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувала В.В. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,70 промили алкохол во крвта.
Таа е исклучена од сообраќај и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Само дваесетина минути подоцна, на другата страна од државата, во Македонски Брод, полициски службеници го лишиле од слобода М.Т.(36) од Македонски Брод.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ровер” со регистарски ознаки од Македонски Брод, кое М.Т. го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,52 промили алкохол во крвта.
И него го чека истата казна.