Четири лица загинаа во Шпанија, две во Франција и две во Италија, додека моќен топлотен бран продолжува да парализира голем дел од Европа.
🌡️ Europe is baking under an intense heatwave
🥵 France issued red alerts in 16 cities, Spain hit a record 46°C, Italy issued red alerts for 18 cities, and Portugal declared red alerts in seven regions
🚒 Wildfires, evacuations, and deaths reported across the continent pic.twitter.com/xDv44m06wM
— Anadolu English (@anadoluagency) July 2, 2025
На сила се рекорден број предупредувања, избувнаа шумски пожари, а еден реактор во нуклеарна централа во Швајцарија е принуден да се исклучи, пишува Ројтерс.
Во Шпанија, властите потврдија дека две лица загинале во пожар во Каталонија, додека уште две смртни случаи поврзани со топлината се пријавени во регионите Екстремадура и Кордоба.
Францускиот министер за енергетика пријави уште две жртви на топлината, а околу 300 лица се хоспитализирани.
Денес, Италија издаде црвени предупредувања за дури 18 градови, додека во Германија температурите достигнаа 40°C, што е најжешкиот ден во годината.
Во Сардинија, двајца мажи над 60 години починаа како резултат на топлината на плажата, објави ANSA.
Метео Франс вели дека црвените предупредувања остануваат на сила за поголемиот дел од централна Франција. Најголемиот ризик им се заканува на ранливите групи, а француската министерка за здравство, Катрин Вотрин, изјави дека претпазливоста мора да остане на високо ниво.
„Во наредните денови ќе ги видиме последиците, особено за најранливите. Мислам особено на постарите лица“, рече таа.
Турција, која на почетокот на неделата се бореше со пожари на неколку локации и привремено евакуираше околу 50.000 луѓе, објави дека пожарите се претежно ставени под контрола.
Пожар во Каталонија зафати неколку фарми и се прошири на површина од околу 40 километри пред да биде ставен под контрола.