Имав 5 години кога мајка ми ме остави во продавница и исчезна, ми рече „Ми го уништи животот!“

Од:

Нејзината мајка ја остави кога имаше пет години, еднаш ја посети во сиропиталиштето, но не за да се извини, туку за да и зададе уште побрутален удар.

Марија од Русија го сподели своето признание на група на Фејсбук.

– Денеска сум среќна, мажена жена и мајка на три деца. Но, кога бев дете, никому не му требав. Многу добро се сеќавам на тој период од мојот живот. И има многу моменти кои упорно се обидувам да ги заборавам но не можам. Дури кога бев тинејџер, дознав дека и татко ми не ме сака. Но, најстрашниот спомен е кога мајка ми ме остави сама во самопослуга. Имав само пет години – раскажува Марија.

Еден ден отишле заедно да пазарат, откако таа се пожалила дека е гладна.

– Таа злонамерно ме погледна и ми рече: „Ми го уништи животот!“.

После тоа, таа строго ми нареди да ја чекам покрај фрижидерот за сладолед, се сврте и замина.

Непознат маж ми зборуваше и ми понуди да ми купи штрудла со афион, во која долго зјапав. Никогаш нема да го заборавам вкусот на афионот и солзите што ми течеа по лицето. Слатките до ден денес не ги поднесувам, бидејќи нивниот вкус ме потсетува на најлошиот момент во мојот живот, денот кога мајка ми ме остави.

Набрзо се нашла во сиропиталиште. Постојано се надеваше дека нејзината мајка ќе се врати по неа.

– Еден месец пред да бидам посвоена од семејство, мајка ми дојде во сиропиталиштето, но не за да плаче, да се извинува или да моли за прошка – дојде уште еднаш сурово да ми објасни како моето раѓање и го уништило животот. Ми кажа дека нејзината кариера стагнирала поради мене, дека не може да најде среќа затоа што никој не сака жена со дете. Уште тогаш ја молев да не ме остава, но таа се сврте и си замина без трошка сожалување. Дури сега, после триесет години, можам да и кажам: Ти благодарам, жено, што ми даде шанса да пораснам во нормално семејство, каде родителите имаа толку многу љубов што посвоија напуштено дете. Ти благодарам што ме научи, со твојот суров однос, да ги ценам оние кои ме сакаат и се подготвени да направат се за мене – изјави Марија.