Од наркодилер позајми 100.000 евра за да се коцка: Бев наивен, но не сум криминалец

Од:

Раџа Наинголан, поранешен белгиски репрезентативец не може без скандали. Неодамна призна дека земал пари од наркобос, бидејќи имал проблеми со пороците.

Раџа Наинголан (36) беше уапсен на крајот на јануари, откако беше обвинет за учество во криминална организација како дел од истрагата за шверц на кокаин. Истрагата е за наводен увоз на кокаин од Јужна Америка преку пристаништето Антверпен и негова прераспределба во Белгија. Подоцна, Раџа e ослободен од сите обвиненија и се наjде на слобода.

Неодамна гостуваше во една ТВ емисија. Тој раскажа како еднаш позајмил 100.000 евра од наркодилерот Наср-Един Секаки.

– Тој заем нема врска со лекови. Имаше само коцкарски долгови. И проблеми со сметките поради разводот. Сè ми беше замрзнато – изјави Раџа Наинголан, додека гледачите коментираа зошто морал да зема пари од криминалец, човек кој освен со трговија со дрога е поврзан и со трговија со луѓе.

Понатаму, во емисијата фудбалерот негираше каква било поврзаност со дрога.

– Никогаш не сум се занимавал со дрога, ниту сум ја допрел. Парите не им требаа на нив, туку на мене. Барав помош за лична ситуација. Никогаш немало никаква поврзаност со трговија со дрога. Луѓето читаат одредени работи во весникот и веруваат дека сум поврзан со случајот со шверц на дрога – изјави Раџа Наинголан.

Белгиецот во интервјуто ги призна финансиските проблеми и склоноста кон коцкање, но нагласил дека никогаш не бил дел од криминална организација, туку, според неговите зборови, западнал во неволја поради погрешни одлуки и лошо друштво.

– Бев наивен, но не сум криминалец – рекол Раџа, нагласувајќи дека најважно му е да го заштити семејството и да ја докаже својата невиност.

Наинголан играше во Италија за Рома, Интер и Каљари, како и Антверпен во Белгија.

Сезонава потпиша за второлигашот Локерен, откако шест месеци беше без клуб и се врати од Индонезија каде го носеше дресот на клубот Бајангкара.