На 63-годишна возраст денеска почина познатиот музички автор и продуцент, Тоше Поп Симонов.
Тој зад себе остави плодна кариера во македонската и регионалната музичка сцена.
Поп Симонов соработуваше со бројни истакнати уметници, меѓу кои Тоше Проески, Дарио, Верица Пандиловска, „Фрајле“ и Алка Вуица, „Мизар“, Владо Јаневски, „Мемо, рија“„Силви бенд“, „Анастасија“, Дуле и Коки.
Погребот ќе се одржи во вторник, на 22 април 2025 година, на градските гробишта во Бутел.
Граѓаните ќе може да му оддадат почит во капелата во Бутел, со почеток од 11:30 часот.