Можно е да учествуваат на Мундијалот во 2026 година, а многумина не знаат каде се наоѓаат на мапа

Од:

Фудбалските репрезентации на Нов Зеланд и Нова Каледонија ќе играат во финалето на квалификациите во зоната Океанија за фудбалското СП 2026 година.

Нов Зеланд победи против Фиџи со 7:0 во квалификациското полуфинале, додека Нова Каледонија беше подобра од Тахити победувајќи со 3:0.

Финалето ќе биде на 24 март во Оукленд. Победникот ќе се пласира на Светското првенство, додека поразениот ќе се натпреварува во интерконтиненталниот плеј-оф.

Ако Нова Каледонија слави во финалето, за првпат во историјата ќе игра на Светско првенство.

Од друга страна, Нов Зеланд двапати играше на Светското првенство – во 1982 и во 2010 година.

Во четвртокот Јапонија стана првата репрезентација која се квалификуваше за Светското првенство, кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026 година во САД, Канада и Мексико.