(ВИДЕО Нов светски рекорд на Дуплантис – прескокна 6.27 метри

Од:

Швеѓанецот Арманд Дуплантис скокна во висина од шест метри и 27 сантиметри во Клермон-Феран, Франција.

Претходната година три пати ја поместуваше границата, а последната ја постави во Хожов, Полска, каде прескокна 6,26 метри.

Популарниот Мондо знаеше да ја прослави победата во Франција, отиде во прегратките на сопругата, додека навивачите во салата возбудено го прославија новиот светски рекорд во скок со стап.

Швеѓанецот започна со рекорди во 2020 година во Торун (6,17 метри), двапати ги собори во Белград во 2022 година, а оттогаш секоја сезона неколку пати ги поместува границите.

Станува збор за човек кој двапати бил олимписки и светски шампион, трипати европски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Неверојатниот Дуплантис повторно го урна светскиот рекорд