Фудбалерот на Фиорентина, Едоардо Бове, откако колабираше на 1 декември на мечот со Интер, и беше во болница и имаше операција на срцето, се појави прво во својот клуб, а на крајот и се обрати на јавноста преку социјалните мрежи.
„Во моменти како овие, сфаќам колку е реален овој спорт и како сите сме поврзани, освен резултатите, конкуренцијата и ривалството. Поврзан со врска која штом се создаде, станува посилна во тешки времиња“, напиша Бове на својот Инстаграм профил.
“Ci vediamo presto…in campo!” 💪⚽️
Bove scrive una lettera per ringraziare dell’affetto ricevuto ✍️“Ciao a tutti, in questi giorni difficili ho avuto modo di pensare molto. Seppur la condivisione sui social non sia nella mia natura, vorrei esternare un pensiero che mi ha… pic.twitter.com/dIBLTVbt0o
— DAZN Italia (@DAZN_IT) December 16, 2024
Бове (22) пред три дена е пуштен од болница. Нема да може да игра во Италија ако мора да му се вгради дефибрилатор.
„Поддршката што ја добив, топлината на навивачите, поддршката од соиграчите и противниците и блискоста на целиот фудбалски свет ми даде неверојатна сила и храброст. Се чувствувам добро и тоа е најважното нешто. Се гледаме наскоро… На теренот“, додаде тој.
Бове е член на Рома, а од 30 август годинава настапува како позајмен во Фиорентина. За клубот од Фиренца оваа сезона одигра 14 натпревари.