Голманот на Камерун, Андре Онана ја освои овогодинешната награда на Унијата на професионални фудбалери (FIFPRO) за позитивно влијание врз животите на другите.
„Неговата фондација обезбедува бесплатни медицински услуги и операции низ субсахарска Африка, помагајќи им на речиси 500 деца годишно“ – се вели во денешното објавување на ФИФПРО на социјалната мрежа Х.
ФИФПРО донираше 10 илјади долари на неговата фондација.
„Кога ја започнав фондацијата, идејата беше да им се помогне на слепите деца во Камерун. Добивме голема поддршка и оттогаш таа прерасна во невладина организација (НВО) која обезбедува услуги за деца и возрасни во непривилегираните заедници. Донесуваме лекари и хирурзи, претежно од Шпанија, да оперираат во Африка Во јули оваа година им помогнавме на над 350 луѓе во Јаунде, додека во претходните три години обезбедивме. можноста за школување на деца без родители“, рече Онана, напишано на веб-страницата на ФИФПРО.
Онана е член на Манчестер Јунајтед од јуни минатата година, а претходно настапуваше за Интер и Ајакс.