Нападот на Израел врз Иран е само мал дел од штетата што Израел може да му ја нанесе на Техеран доколку одлучи да продолжи со својата агресија, изјави денеска Бени Ганц, претседател на опозициската партија Национално единство и поранешен член на воениот кабинет на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
„Директните и прецизни напади на Израел на иранска територија и клучните објекти на воената и безбедносната индустрија се важни не само сами по себе, туку и поради начинот на кој беа извршени“, Ганц, поранешен началник на израелската армија (ИДФ). Нападот го означи почетокот на новата етапа во војната против иранскиот режим и дека го отвора патот за идни операции, пишува „Тајмс оф Израел“.
Ганц рече дека „кампањата е далеку од завршена“ и истакна дека Израел мора да продолжи да истрае во напорите за враќање на заложниците заробени од Хамас.
„Мораме да го отстраниме режимот на Хамас, да продолжиме да ги деградираме способностите на Хезболах и да создадеме нова реалност на нашата северна граница која ќе им овозможи на нашите граѓани да се вратат дома и да живеат безбедно“, рече Ганц.
Израелската армија синоќа го нападна Иран, а за време на нападот, кој траеше пет часа, мета беа 20 цели во таа земја, а загинаа четворица ирански војници.