Укината е забраната за рекламирање игри на среќа во Шпанија

Од:

Врховниот суд на Шпанија ја укина забраната за рекламирање игри на среќа.

Вестите кои ќе имаат големо значење за иднината на маркетингот, рекламирањето и игрите на среќа низ Европа доаѓаат од Шпанија.

Шпанскиот Врховен суд пред неколку недели ја укина претходно донесената забрана за рекламирање на игри на среќа преку тв и интернет.

Судот заклучи дека забраната нема правна или уставна основа.

Судот дополнително му наложи на регулаторот да најде рамнотежа помеѓу загарантираната слобода на деловното работење на компаниите – организатори и заштитата на потрошувачите – играчите.

Меѓу отстранетите ограничувања е и укинувањето на претходно постоечката забрана за присуство на познати личности во реклами, што судот го оцени како повреда на слободата на говорот.