Зошто светските политичари се обожаватели на Путин?

Од:

Што имаат заедничко Силвио Берлускони, Герхард Шредер, Најџел Фериџ и Алекс Салмонд?

Тие се фанови на интернационалниот клуб на обожавателите на Владимир Путин.

Во прашање се политичари кои развиле геополитичка вљубеност во претседателот на Русија, пишува политичкиот дописник на британскиот „Телеграф“, Алекс Спилиус. Во прашање се политичари кои се родени и одгледани во демократска традиција, но тие сепак чувствуваат одредена привлечност кон човекот кој е во фокус на осуда на поголем дел од светот.

10318714_10203757817931850_588640793_n

Во прашање е лидер на наводно модерна држава, која што анектираше територија на соседна држава (Крим), лидер кој ја води државата во која критичарите се затвораат, а хомосексуалците се прогонуваат.

И за крај, во прашање е претседател кој себеси и на своите соработици обезбедил милиони.

Ова е човекот на кој лидерот на Националната партија на Шкотска, Алекс Салмонд му се воодушевува поради тоа што успеал да „обнови заначаен дел од гордоста на Русија“. Меѓутоа Салмонд сепак внимавал да не ја премине границата со изјавата, додавајќи дека „не ги подржува сите акции на Русија“.

10327200_10203757818051853_259863209_n

Британскиот евроскептичен политичар Најџел Фериџ, познат како лидер на Партијата за независност во Велика Британија исто така го дели ова мислење и воодушевување.

Во интервју кое беше објавено во април тој изјави, дека и покрај тоа што не ја одобрува политиката на Путин, смета дека неговиот ангажирање за кризата во Сирија е „брилијантно“ и дека на ниту еден политичар во светот не му се воодушевува како на рускиот лидер.

-Во споредба со децата кои ја водат надворешната политика во Велика Британија, кон него имам поголема почит, отколку кон сите други заедно- изјави тој. За националисти како што се Салмонд и Фериџ, Путин претставува светол пример за популизам во акција. Дури и покрај економска стагнација на државата, Путин е во состојба да собере голем број Руси под своето патриотско знаме.

Овој хируршки подобрен Русин ги придоби симпатиите и на поранешиот премир на Италија и осуден криминалец, Силвио Берлускони, кој на него гледа како на некој кој е сличен на него, пишува авторот. Поранешниот канцелар на Германија, Герхард Шредер, кој го прослави својот седумдесети роденден во друштво на Путин, како и повеќето Германци се воодушевува на неговиот антиамерикански став, на неговата способност да пружи алтернативен наратив на арогантното наметнување на либералниот консензус на Вашингтон.

10335791_10203757818011852_110526696_n

Тој исто така е и член на бордот директори на Гаспром, руската енергетска сила. Секако важно е да се напомене дека Владимир не е ниту луд ниту лош, а постои и идеологија зад неговите потези- идеја за Евро-Азија која на Русија би и ја вратила некогашната сила, како и нејзиниот инстинкт за преживување, кој едно време беше потполно изгубен.

Меѓутоа, неговата конструкција на култ на личност, деградацијата на естаблишментот во Русија и отворената агресија кон Украина, на самиот крај би можеле да и донесат штета на државата.

10318714_10203757817971851_329658253_n

Сите оние кои му се воодушевуваат, би требало да сфатат и да препознаат дека нивното лично воодушевување кон Путин произлегува од нивните сопствени деспотки тенденции, па дури и кога тие се сместени во внатрешноста на политичките партии, а не наметнати на целата нација. Сето тоа зборува многу повеќе за нив, отколку за Владимир Путин.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

Путин нареди мобилизација на 150.000 војници

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Путин: Бескрајната река на таленти го прави народот на Русија непобедлив

Обраќање на Путин: Ќе плати оној кој застана зад терористите

А1он