Знаете ли која е Ангела Меркел?

Од:

Ангела Меркел е најмоќната жена на светот. Таа е чуварот на еврото или како ја дефинираат нејзините сонародници, Германците, онаа која ги плаќа долговите на “распашаните“ јужни земји.

Таа тврди дека единствена желба и било да биде научник, но нејзината желба да стане позната физичарка останала само во “тинејџерски сон“. Талентираната девојка за јазици, првите пари ги заработила работејќи по диско клубови. Иако се мажела дури два пати, деца нема.

Животниот пат кон политиката ја носи веднаш по паѓањето на берлинскиот ѕид, а во деведесетите станува дел од демохристијанската партија на Хелмут Кол. Како најмлад член на кабинетот долго време била Министерка за жени и младина. Како прва пресвртница во нејзината политичка кариера е одрекувањето од својот “ментро“ Кол, на кој во тек на скандалот околу илегалните донации уплаќани на странски сметки, му го врти грбот, објавувајќи ги имињата на сите донатори и повикуваќи ги сите во партијата да ги следат нејзинте стапки.

Откако ги одмери силите со скоро сите влијателни луѓе во нејзината партија, Меркел стапнува на чело на партија, а од пред седум години и канцеларка на најсилната економија во Европа.

Секогаш е опкружена со силни политички лидери, а оние кои добро ја познаваат за неа рекле дека скоро секогаш е со ладна глава и жестоко срце.

Оние кои се близу до неа сведочат дека, маратонските и кризни состаноци скоро секогаш ги финишира со чаша добро вино и со опуштање во сауна. Во слободно врме, кои иако малку го има, планинари по Алпите и слуша класична музика. Конзервативната канцеларка, позната секогаш по нејзините костими во строг крој, модните критичари ги има изненадено само еднаш, кога на германската филхармонија се има појавено со подлабоко диколте од она кое е вообичаено за неа.

По нејзината богата политичка биографија, многумина сметаат е сосема безвредно да се споменува фактот дека по ликот на 56-годишната политичарка направена е и Барби кукла, а ги красеше и германските улици и тоа верувале или не во кампања за долна облека.

Нема сомневање дека германската канцеларка е една од највлијателните жени на мешународната политичка сцена, која според најавите се подготвува за уште еден мандат.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски