Министерството за здравство на Јужна Кореја денеска соопшти дека започнало истрага и дека ќе спроведе постапка против персоналот на една клиника за пластични операции во Сеул.
Ваквата најава уследи откако на социјалните мрежи минатата недела се појавија повеќе фотографии кои покажуваат дека персоналот на оваа клиника правел забави, дури и роденденски, во време кога пациентите биле во операционата сала и под наркоза.
Дел од објавените фотографии се „селфи“, а на Инстаграм може да се види како една од вработените, очигледно сакајќи да се шегува, си става маса за имплант на градите. Истиот ден од клиниката е објавена фотографија на која се глед акако вработените јадат хамбургери во салата за операции.
Во најмала рака, персоналот и управата на клиниката ќе одговараат за рушење на угледот на медицинската професија, што во Јужна Кореја е кривично дело.