Животот на Џулијан Асанж во затворот е загрозен, тврди неговиот татко

Од:

Џон Шиптон, таткото на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кого Вашингтон го обвинува за шпионажа и ја бара неговата екстрадиција, изјави дека на неговиот син му се заканува смрт во затворот.

Во Женева Шиптон изјави дека пред два дена го посетил синот и два часа минал со него.

-На Џулијан му се заканува смрт во затворот по деветте години прогонство бидејќи ја откри вистината за воените злосторства, рече Шиптон и додаде дека неговиот син е многу ослабен и целосно депримиран.

Шиптон додаде дека не е праведно некому да му се суди само затоа што открил злосторства.

Известувачот на ОН за тортура, Нилс Мелзер, минатата недела оцени дека третманот кон Асанж го загрозува неговиот живот.

Тој изрази загриженост заради влошената здравствена состојба на Асанж по апсењето и притворот од почетокот на годината, наведувајќи дека „неговиот живот е во опасност“.

На 11 април Асанж беше исфрлен од Амбасадата на Еквадор во Лондон во која се сокри во 2012 година, по што британската полиција веднаш го уапси.

САД побараа екстрадиција на Асанж по 18 точки од обвинението, а доколку биде осуден за шпионажа и предавство со објавување на тајните државни документи, му се заканува повеќедецениска затворска казна.

Би можело да ве интересира

Британија: Конзервативците собраа за изборите 5,7 милиони фунти за шест денови, Лабуристите само 218.000 фунти

Ана Ололовска

Корбин ја претстави изборната програма на британските лабуристи

Татјана Ташкова

Британскиот принц Ендру се повлекува од јавниот живот поради аферата со Епстајн

Татјана Ташкова

Разбиена меѓународна група вмешана во трговија со луѓе во Романија и Британија

Шведска се откажа од истрагата за силување против Асанж

Би Би Си: Британска влада и војска прикривале воени злосторства во Авганистан и Ирак

Ана Ололовска