Жештините може да доведат до уривање ѕидови во Нотр Дам

Од:

Рекордните температури кои ја зафатија Европа може да предизвикаат целосно уривање на ѕидови во катедралата Нотр Дам, сметаат стручњаците.

Филип Вилнев, француски архитект и реставратор на историски споменици, рече дека камените ѕидови и натаму се влажни по гаснењето на пожарот во април.

– Структурата и натаму е кревка… Поради горештините кои се очекуваат во Париз оваа седмица, ѕидовите може за кусо време да се исушат, тврди архитектот.

Во овој миг се работи на стабилизација на структурата на катедралата пред почетокот на реконструкцијата на објектот. А, температурите што европските метеоролози ги предвидуваат за деновиве, само го отежнуваат тоа.

– Она од што сега се плашам, е тоа дека додека ѕидовите се сушат, може да почнат да ја губат својата цврстина и така одеднаш да попуштат, додава архитектот Вилнев.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден