Жена од племето Јазиди, што припадниците на ИД го заробија пред околу две години, успеала да побегне откако ирачките сили навлегле во Мосул.
Таа им дала информации на ирачките сили со што им помогнала повторно да го преземат соседниот град Квид, соопшти денеска командирот на ирачката војска.
Жената навела дека припадниците на ИД, заедно со другите заробеници, била преместувана од едно на друго место, се додека успеала да побегне.
Таа е киднапирана во Сињар во 2014 година, додека стотина припадници на нејзиното племе се убиени, а 6.000 заробени.
Во моментов се одвиваат борби за преземање на Мосул, каде припадниците на ИД држат многу заробеници.