Жена со симптоми на ебола примена во болница во Берлин

Од:

Службите за итна медицинска помош во Берлин во карантин го ставиле Центарот за вработување, од каде била изведена една жена со симптоми слични на ебола, вклучувајќи и висока температура.

Веста ја пренесоа повеќе германски медиуми, повикувајќи се на извори од здравствените власти.

Жената веднаш била пренесена во болница.

Засега нема официјална информација за нејзиниот идентитет и симптомите на заболувањето, а не е познато ниту дали дали таа престојувала во зоната на епидемијата во западна Африка.

Новинарите, кои известуваат од местото на настанот во Берлин, јавуваат дека на луѓето кои присуствувале во Ценатрот за вработување им било дозволено да го напуштат зданието.

Би можело да ве интересира

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим