Зголемена глобалната доверба во медиумите за шест отсто

Од:

Еуроактив

Глобалната доверба во медиумите порасна во просек за 6 отсто за време на пандемијата, а Фејсбук се смета за платформа преку која се шират најмногу дезинформации за коронавирусот. Тоа е нагласено во извештајот на новинарскиот институт Ројтерс на Универзитетот во Оксфорд.

Финците имаат најголема доверба во медиумите, а Американците најмалку.

Вкупната доверба во медиумите се зголеми на 44 отсто во 2021 година, што донекаде го сврте трендот на опаѓање на довербата во претходните години и се врати на нивото од 2018 година. Исто така, се зголеми довербата во оние извори на информации што луѓето ги користат најчесто, за 4 отсто на 50 отсто

Во исто време, сепак, довербата во вестите во социјалните мрежи остана на исто ниво, 24 отѕсто, како и во вестите добиени со пребарување на интернет, 32 отсто.

Финска е земја со најголема доверба во медиумите (65%), со пораст од 9 отсто. По Финска, најголема доверба имаат жителите на Португалија (61%), Данска (59%), Холандија (59%), Норвешка (57%) и Кенија (61%).

Најмала доверба има во САД (29%), а помалку од една третина од испитаниците имаат доверба во медиумите во Унгарија, Словачка, Грција, Бугарија и Франција.

САД се едни од ретките земји во кои довербата не се зголеми оваа година, поради големите поделби во општеството околу „украдените избори“ и настаните по убиството на Џорџ Флојд.

Во некои земји со високо поларизирано политичко општество, процентот на оние кои не им веруваат на медиумите е поголем од оние кои им веруваат. Ова е најизразено во САД, каде 44 отсто од населението не им верува на медиумите.

Во Данска, од друга страна, само 11 отсто рекле дека не им веруваат на медиумите.

Политичарите главен извор на дезинформации за коронавирусот

Истражувањето, исто така, покажа дека постои малку поголема загриженост за дезинформации оваа година, за 2 отсто. Овој проблем ги загрижува 58 отсто од испитаниците, претежно во африканските земји (74%), следени од Јужна Америка (65%), Северна Америка (63%), Азија (59%) и најмалку загрижени Европејците (54%).

Во извештајот се наведува дека 54 отсто од испитаниците виделе дезинформации во врска со Ковид-19, 43 отсто виделе дезинформации за политика, 29 отсто за познати личности, 22 отсто за производи и услуги и 20 отсто за климатски промени.

За ширење дезинформации за Ковид-19, испитаниците најмногу ги обвинуваат нивните политичари, потоа обичните луѓе, а најмалку странските влади и новинари.

Испитаниците сметаат дека дезинформациите најмногу се шират преку Фејсбук (28%), апликации за пораки (15%), интернет пребарувачи (7%), Твитер и ЈуТјуб (по 6%).

Истражувањето за вестите во опкружувањето на дигиталните медиуми опфати повеќе од 90.000 испитаници во 46 земји на шест континенти.

Земји од Западен Балкан, не беа вклучени во истражувањето.

Довербата во телевизиските вести е вратена

Резултатите покажуваат дека во сите анализирани земји, печатените весници се помалку се читаат, додека телевизијата останува важен извор на информации.

Од 2016 до 2021 година, печатените медиуми како извор на вести паднаа од 63 отсто на 37 отсто во Швајцарија, од 47 отсто на 27 отсто во Португалија, од 32 отсто на 17 отсто во Полска, од 40 отсто на 12 отсто во Бразил, со 38 отсто до 26 отсто во Германија.

Во најразвиените западни земји, исто така, е нагласен трендот на зголемување на плаќањата за вести на интернет.

Норвешка е на прво место со дури 45 отсто од корисниците кои плаќаат за вести на интернет, во Шведска е 30 отсто, САД 21 отсто, Финска 20 отстои, Холандија и Швајцарија по 17 отсто.

Иако телевизијата како извор на вести бележи постојан пад од 2014 година, кога се движеше меѓу 80 и 90 отсто во анкетираните земји од Западна Европа, до пред пандемијата во 2020 година, кога падна на 55 до 70 отсто, од почетокот на пандемија има голем скок во потпирањето на телевизиските вести како главен извор на информации.

Помладата популација и оние со пониско образование се повеќе се свртуваат кон социјалните медиуми.

Паметните телефони се главната технологија за пристап до вести за 73 отсто од испитаниците, додека употребата на компјутери за читање вести благо опадна.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска