Зголемен увозот на Грција од Русија, намален од Украина

Од:

Трговското салдо на Грција со Русија е негативно, а со Украина позитивно во првата половина од 2022 година, додека пак во месец јуни увозот од Русија бележи раст од 86,3 отсто, а од Украина пад од 40,9 проценти, согласно привремените податоци објавени од грчката служба за статистика, јави дописничката на МИА од Атина.

Според податоците за трговската размена во периодот јануари – јуни 2022 година дефицитот од трговското салдо на Грција со Русија изнесува 3.400,9 милиони евра, а со Украина суфицитот достигна 56,1 милиони евра.

Поконкретно за Русија, во јуни годинава вредноста на грчкиот увоз од земјата изнесува 625,3 милиони евра, што бележи зголемување за 86,3 отсто во однос на ланскиот јуни, а вредноста на извозот во Русија за истиот период изнесува 12,7 милиони евра и бележи намалување од 26,9 проценти.

Во првата половина од годинава, вредноста на увозот на Грција од Русија е 3.461,1 милиони евра со пораст од 112,3 отсто во однос на истиот период лани, а вредноста на грчкиот извоз во Русија во истиот периодот е намален за 30,3 проценти.

Масла од нафта, нафтени гасови и гасовити јаглеводороди се главните производи кои Грција ги увезува од Русија, а во јуни 2022 година во Русија извезувала електрични машини и уреди, маслиново масло, овошни џемови, желеа, мармалади и слични производи од варено овошје.

Во однос на Украина, во јуни 2022 година вредноста на грчкиот увоз била 8,5 милиони евра, за 40,9 отсто помалку во споредба со јуни 2021 година, а вредноста на извозот на Грција изнесува 86,0 милиони евра и бележи зголемување од 148,9 отсто во однос на ланскиот јуни.

Во периодот јануари- јуни 2022 година, вредноста на увозот е намалена за 14,9 проценти, а на грчкиот извоз во Украина зголемена за 28,6 отсто.

Меѓу главните производи кои биле увезени од Украина во јуни годинава се феролегури, пченка, стаклени шишиња и останати садови од стакло, а Грција извезувала масла од нафта, кајсии, цреши, праски, сливи и керамички производи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено заради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

Орце Костов

Граѓаните не можат да си дозволат нов автомобил: Лани продадени трипати повеќе половни отколку нови

Орце Костов

Во првите 11 месеци од 2023 година покриеноста на увозот со извозот 75,2 отсто

Зголемен увоз од Северна Македонија во Косово, по мерките на Приштина против Србија

Царина проверува дали увозниците на земјоделски производи приложувале лажни фактури

Орце Костов

Ново барање на газдите: Да ни се намалат придонесите за плати за да не мора да увезуваме работници од Непал и Турција

Орце Костов