Зголемен бројот на грчките имигранти во Германија

Од:

Бројот на грчките имигранти во Германија е зголемен за околу 80 отсто во првите шест месеци од оваа година, објави весникот Етнос повикувајќи се на германски статистички податоци.

Германската служба за статистика објави дека од јануари до јуни над половина милион странци дошле во Германија што претставува пораст за 15 отсто во споредба со истиот период во 2011 година.

Според податоците, бројот на имигранти во Германија од држави кои се во должничка криза и особено од Грција е зголемен за 80 отсто.

Само во минатата година бројот на имигранти е зголемен за 20 отсто, повеќето од нив се од држави од Европската унија.

Би можело да ве интересира

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Земјотрес во Грција