Зголемен број на барања за азил во европските земји

Од:

Бројот на барања за азил во ЕУ и неколку други европски земји во ноември 2021 година е втор по големина од 2016 година, односно само малку помал од септември, објави Агенцијата за азил на ЕУ (АУАА).

Во ноември се регистрирани околу 71.400 барања за меѓународна заштита, девет отсто повеќе од октомври, пренесува Бета. Како што се наведува, рекорден број барања од мигрантската криза во 2016 година е регистриран во септември 2021 година. Најмногу барања во земјите од ЕУ плус (ЕУ, Турција, Велика Британија, Србија, Норвешка) поднеле Авганистанци, околу 13.000, а потоа Сиријци со 11.500. Во ноември азил побарале 4.300 Ирачани, како и 3.300 Венецуелци, 2.800 Пакистанци и 2.500 Колумбијци.

Граѓаните на Србија поднеле 405 барања за азил во земјите од ЕУ плус, БиХ 349, Северна Македонија 1.001 и Албанија 1.121.

ЕУАА, исто така, наведе дека во последните месеци се евидентирани невообичаено голем број барања од малолетници без придружба. Тие поднеле 3.200 барања за азил во ноември и 3.300 во октомври, или повеќе од 2015 година. Меѓу малолетниците без придружба кои поднеле барање за азил, убедливо најбројни се Авганистанците. Понатаму се наведува дека властите за азил во ЕУ плус земјите донеле околу 45.500 првостепени решенија во ноември.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силната бура што ја погоди Европа однесе жртви од Холандија до Италија

Катерина Ѓуровски